Еве како изгледа поранешната на “Романтичарот” само два месеци по породувањето- сподели фотографија од теретана и го “запали” Инстаграм
Ужива во мајчинството...
Познатата спортска новинарка Дилета Леота пред два месеци се оствари во улога на мајка.
фото инстаграм/Дилета Леота
Таа го роди своето прво дете на нејзиниот роденден, 16 август, а нејзиниот партнер, германскиот голман Лорис Кариус, се пресели од Англија во Италија за да биде со неа.
фото инстаграм/Дилета Леота
Дека новата животна улога многу и годи може да се забележи и по фотографиите на социјалните мрежи каде изгледа посреќна од било кога.
фото инстаграм/Дилета Леота
Тоа што за многу жени се чини невозможно за Дилета е само предизвик. Таа само два месеци по породувањето успеа да го врати телото во нормала и на социјалните мрежи сподели фотографии од теретана
.
фото инстаграм/Дилета Леота
Таа се пофали со својата витка линија додека позира со тегови во теретана, а објави и видео во кое покажа вежба за задникот. Покрај тоа што е во добра форма, судејќи по последните објавени фотографии, таа се врати и на работа.
фото инстаграм/Дилета Леота
Како што многумина веќе знаат, Дилета се проби низ Серија Б и за кратко време стана една од најпосакуваните новинарки и водителки.
фото инстаграм/Дилета Леота
Сепак, не треба да се заборави нејзината популарност на социјалните мрежи каде ја следат речиси девет милиони луѓе, па секоја нејзина објава доаѓа под лупа на јавноста.
фото инстаграм/Дилета Леота
Инаку за најпознатата спортска новинарка Италијанката Дилета Леота, македонската јавност дозна кога најпосакуваниот турски актер Џан Јаман објави дека се во љубовна врска.
фото инстаграм/Дилета Леота
Но нивната љубовна приказна иако се чинеше дека ќе трае долго, сепак Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на љубовната приказна со Јаман, а како главна причина се наведува неговата голема љубомора, пишуваа тогаш тамошните медиуми.
фото инстаграм/Дилета Леота
По извесно време таа започна љубовна врска со германскиот голман Лорис Кариус со кого ја доби ќерката Арија.