Еве како изгледа новата куќа на Јордан Митев во неговото РОДНО СЕЛО – тука живее со сопругата, а наскоро и со нивното прво детенце
Остана да живее онаму каде што е роден
За познатиот фолк-пејач Јордан Митев најдобро зборуваат неговите песни и музиката со која што ја освојува публиката.
Тој е еден од омилените македонски пејачи на фолк музика и тоа не само во Македонија, туку и секаде каде што живеат Македонци.
Нашинците од дијаспората го обожаваат, а за неговите претстојни концерти во Австралија веќе се бара карта повеќе.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Но Јордан и покрај тоа што е една од нашите најголеми музички ѕвезди, приватно важи за многу скромен човек кој не само што никогаш не заборавил од каде потекнува, туку и реши да остане во своето родно село за кое секогаш со гордост зборува.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, Јордан по потекло е од селото Подареш во близина на Радовиш каде што и денес живее заедно со сопругата Славица.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Неговата сопруга со која што ќе се ожени во 2017 година е Македонка, но родена во Австралија каде и ќе се запознаат.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Но и покрај можноста да останат и да живеат во оваа прекуокеанска земја, каде има многу наши иселеници и каде Славица живеела целиот свој живот, тие ќе решат да се вратат во Македонија.
Во врска со тоа, Јордан во една пригода изјави:
„Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш… Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде“.
„Но, на крајот од краиштата, ова е моја земја, овде е се што имам . Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен“, изјави во една пригода познатиот пејач кој не крие дека и покрај тоа што ја сака цела Македонија, омилено место му е родното село Подареш.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Таму ми е се најслатко, па дури леб и сол, изјави тој за своето родно место неодамна во интервју за Гламур магазин.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
А како изгледа неговата куќа можеме да видиме од една фотографија што Јордан самиот ја има објавено на Фејсбук.
Станува збор за фотографија направена на денот на неговата свадба, на која во позадината се гледа неговиот дом.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
„Ајде со Бога напред! Свадбата може да почне…“ напиша тогаш Митев под фотографијата.
Инаку, Јордан неодамна за Гламур ја откри и најубавата вест – дека тој и неговата сопруга наскоро ќе станат родители.
Повеќе за ова прочитајте тука >>