Еве како изгледа недовршената куќа во која живее Мики Секуловски – пејачот ги отвори вратите од својот дом
На Мики сега сите врати му се отворени
Велешанецот Мики Секуловски го освои високото второ место во „Ѕвездите на Гранд“, но и срцата на многу Македонци.
Тој откако се појави во популарното шоу со својот неверојатен талент никого не оставаше рамнодушен, а ментор му беше најголемата балканска фолк-ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Во неговиот тим беше и победничката од Босна и Херцеговина, Шејла Зониќ, за кого Мики вели дека му е драго што победи и дека според него, била една од најдобрите вокали во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Мики за својот приватен живот ретко зборуваше во изминативе девет месеци иако цело време беше во центарот на вниманието.
Тој во една пригода откри дека неколку години живеел во Белгија, каде работел како келнер, но не сакаше да открива детали, сé до самиот крај на натпреварот кога за „Гранд.онлајн“ откри дека морал да замине во странство затоа што татко му во тој период бил болен, па тој решил да остане и да им помогна на својот брат и мајка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но по смртта на неговиот татко Мики решава да се врати во Македонија, а по некое време и да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.
Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф
Тој за време на натпреварот ги отвори вратите од својот дом во Велес каде што го снимаа до една локална телевизија.
Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф
Мики тогаш со новинарката зборуваше на најразлични теми, откривајќи што се случува со его на емотивен план, но и како изгледа неговиот дом во кој шармантниот пејач има и свое студио.
Принтскрин/ Јутјуб, Тренд лајф
Како изгледа куќата во која живее Мики погледнете во видеото, но и од фотките во рамките на овој текст, но во продолжение потсетете се и на пораките што пејачот ги доби за време на натпреварот од Саша Поповиќ и Босанац, кога ги воодушеви сите со еден од своите настапи.
Тогаш Босанац му порача дека доколку остане вака педантен и прецизен во своите изведби до самиот крај, со Гранд ќе изгради две куќи, а ова го коментираше и Саша Поповиќ, директорот на целата продукција.
Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
„Убаво ти кажа Босанац. Имаш куќа која не е завршена, но ако продолжиш вака ќе направиш уште две куќи“, го посоветува тогаш Поповиќ, по што рокерот Ѓорѓе Давид изјави дека нема причина да не продолжи со истото темпо со кое што се претстави и дека, според него, Мики веќе е во финалето.
И ова предвидување на Ѓорѓе кој не крие дека кандидатите од Македонија му се омилени, очигледно се оствари, а голема е веројатноста да се остварат и предвидувањата на Поповиќ и Босанац.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, на Мики сега, како финалист и вицешампион во најгледаното музичко шоу во регионот, сите врати му се отворени и пред него е блескава кариера. Тој иако во последните пет-шест години не се занимаваше со музика, а едно време мораше дури да работи и како келнер, тој сега веќе е голема ѕвезда за која пишуваат сите медиуми во регионот, а зад кого стои и најголемата продукциска куќа на Балканот, што значи многу за неговата кариера.
Инстаграм/ Ѕвездите на Гранд
Непосредно пред финалето тој беше гостин и во шоуто на Цеца, а веќе ги има закажано и своите први настапи.
А тоа колку го сакаат сите, како заради талентот, но и заради неговата скромност зборуваат и коментарите под една од неговите последни објави. Тој на социјалните мрежи објави дел од неговиот спот, „Ја излези Ѓурѓо“ што го снимаше неодамна, а фановите од целиот регион му порачуваат дека има небески глас, дар од Господ, но и дека со неговиот успех во шоуто ја направи Македонија горда.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Па, ја користиме приликата и ние да му честитаме на Мики, но и да му посакаме уште многу успеси во иднина.
Бидејќи ова момче навистина го заслужува тоа, нели?