TV

Еве како изгледа најважната жена во ЖИВОТОТ НА НАЈУБАВИОТ турски актер што сите го обожаваат

Велат дека тој е нејзина копија...

Реклама
Реклама

Познатиот турски актер Бурак Озчивит попознат како Бали-бег важи за еден од омилените актери од турските серии.

Тој се прослави со улогата на Бали-бег во турската серија „Сулејман Величествениот“ кога со својот талент и харизма ги освои срцата на многу претставнички на понежниот пол и во Македонија.

Имено, оваа серија беше една од најгледаните како во Турција, таква и во нашата земја, а на шармантниот актер по оваа улога кариерата му тргна по угорна линија. Тој денес важи за еден од најплатените и најпознатите турски актери, а нашите гледачи по улогата на Бали-бег можеа да го гледаат во уште многу други улоги во сериите што се емитуваат на нашите телевизии.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Познатиот актер е во среќен брак со неговата колешка Фахрие Евџен со која има два сина – Каран и Керем.

Тие важат за еден од најпопуларните парови во Турција и секој миг од нивниот семеен живот што ќе „исплива“ во медиумите, е проследен со големо внимание кај нивните обожаватели.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Но и покрај преголемата популарност и тоа што речиси секојдневно се во медиумите, досега никој немал пригода да види од кого шармантниот актер ја наследил својата убавина.

Но деновиве во турските медиуми беше објавена една фотографија на која се гледа Бали-бег со најважната жена во неговиот живот.

Фото: Инстаграм

Во прашање е фотографија на која актерот е фотографиран со неговата мајка која и покрај годините, се уште се држи одлично.

Фановите се согласни дека Бали-бег од неа ги наследил својот шарм и убавина, и дека си личат посебно во пределот на очите.

Фото: Инстаграм

Инаку, Бурак и неговата сопруга во јануари оваа година по втор пат се остварија во улога на родители и уживаат во семејниот живот.

Фото: Инстаграм

Бурак тогаш по втор пат стана татко на машко дете, на кого му го дадоа името Керем, а неговата убава сопруга оттогаш неколку пати објави заеднички фотографии од кои можеме да видиме како уживаат.
Нивната љубов започна за време на снимањето на турската серија „Çalıkuşu“ (Дневникот на Фериде), кога најпрво станаа блиски пријатели, а по некое време нивното пријателство прерасна во голема љубов.

Шармантниот актер својата сакана ќе ја запроси во 2016 година, а потоа, по четири месеци, тој и официјално ќе ја побара раката на познатата актерка од нејзиниот татко. Тогаш се случи и свршувачката, во Германија, каде што живеат родителите на познатата актерка, а по една година, односно во 2018, младиот пар ќе се пресели да живее во нивната луксузна куќа покрај Босфорот.

Фото: Инстаграм

Неколку месеци откако во 2017 година стапија во брак, Фахрие и Бурак заминуваат на меден месец на Малдивите, а првиот син Каран, кој сега ужива во улогата на постаро братче на Керем, ќе им се роди по две години, односно во април 2019.

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button