Еве како изгледа куќата на Лила во местото од каде што потекнува – вистински рај на земјата (фото)
Ова место ги буди најубавите спомени кај неа
Горда на своето потекло
Малкумина знаат дека една од нашите најпознати водителки Лила Филиповска не е родена во Македонија, туку во Шведска.
Нејзините родители заминуваат во оваа земја, а по некое време ќе се вратат, а нејзиниот татко Милан по потекло е од селото Виниче.
Лила секогаш кога ќе појде на ова место не ја трга насмевката од своето лице и ужива сеќавајќи се на моментите од своето детство.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Познатата водителка во една пригода објави неколку фотографии на својот профил на Инстаграм откривајќи дека на ова место најдобро си ги полни батериите и дека, според неа, таков мир и тишина не постои на ниту едно друго место на светот.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Виниче (скопско) е родното село на татко му и во оваа куќа имам многу спомени“, напиша тогаш Лила на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Се наоѓа на 8 километри од Скопје, на 611 метри надморска височина и е вистинска воздушна бања. Денес селото слави Св. Илија, додека беше жив татко ми и ние славевме“, се присети тогаш Лила.