Еве како изгледа куќата во која порасна македонската Гранд ѕвезда – ТАЛЕНТИРАНИОТ пејач славата не го промени воопшто!

Тој победи во „Пинк ѕвездички“ пред пет години

Мите Стоилков беше победник во втората сезона од популарното музичко шоу Пинк ѕвездички. Младиот пејач кој ги воодушеви сите и со своите генијални настапи во „Ѕвездите на Гранд“, тогаш за екипата на телевизија Пинк ги отвори вратите од својот роден дом во Струмица.
Како што самиот откри тогаш, кога е уредувањето на домот во прашање, главната улога ја има неговата мајка.
Пејачот кога е во својот дом во Струмица најмногу време поминува во студиото кое е неговото омилено катче.

„Моето омилено место во куќата ми е мојата работна соба, односно студиото. Тука го минувам поголемиот дел од времето, така сум потполно опуштен и не размислувам за ништо, туку само за музика. Ми се случува тука понекогаш и да заспијам“, раскажа тогаш Миле за порталот на ТВ „Пинк“.

Но неговиот живот потполно се промени откако победи во ова шоу, но и по финалето во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој сега целосно и е посветен на музиката, а неговите фанови со нетрпение чекаат да издаде нова песна.

Мите во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за еден од најсериозните кандидати и стигна до последниот круг во самото финале кога победи неговиот колега и пријател Махир Мулалиќ, а тој го освои четвртото место.

Негова менторка во шоуто беше Вики Миљковиќ со кого тој сака да сними дует, а интересно за него е и тоа што славата воопшто не го промени.

Тој се уште е она скромно и фино воспитано момче, за кого сме сигурни дека пред него е блескава кариера.

Инаку, Мите деновиве присуствуваше на журката организирана од финалистите во Ѕвездите на Гранд.

Журката беше организирана во еден ресторан на Скадарлија и беше посветена на Лепа Брена која деновиве го прослави 61 роденден.

Мите носеше карирана кошула и бела маичка, а како изгледаше погледнете во продолжение.

Погледнете ги и останатите негови фотографии…
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
Фото: Инстаграм/ Мите Стоилков
