Реклама
Наши ѕвезди

Еве како изгледа и што прави денес Мартина од „Дупер“ – цела МАКЕДОНИЈА беше шокиpaна кога ја избркаа од бендот!

Реклама

Тогаш сите застанаа на нејзина страна…

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

Се сеќавате ли на шармантната Мартина Баракоска, девојката што свиреше тапани во македонскиот бенд „Дупер“ и на нивниот голем хит „Не сум твој тип“?!

По големиот скандал што се случи откако колегите од бендот решија да ја избркаат заради нешто што јавноста никако не можеше да го разбере, Мартина Баракоска продолжи да го оди својот пат во музичките води.

Маркетинг

Таа денес е дел од бендот „Фанк шуи“, истиот оној бенд заради кој беше избркана од останатите членови на Дупер.

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска

Имено, како што тогаш можеше да се прочита во нашите медиуми, калимерата межу Мартина и останатите двајца членови на „Дупер“ се растурила откако нивната тапанарка решила да замине на концерт на „Фанк шуи“, иако еден од членовите на нејзиниот бенд бил против тоа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска

Таа иако на крај сепак не била на концертот, тие тогаш и кажаа дека повеќе не е дел од нивната екипа, а откако веста дека заминува од бендот исплива во јавноста, нивните фанови беа многу разочарани од целата ситуација. Мартина тогаш не сакаше да коментира што се случи со момците од бендот, па само кратко во една пригода изјави дека им се измешале другарските и професионалните односи.

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска

Како и да е, Мартина продолжи да ја гради својата музичка карира, а од неодамна таа е новиот член на македонскиот бенд „Фанк шуи“.

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска

Таа е пресреќна што е со нив во бендот, посебно што тие важат за еден од нејзините омилени македонски бендови од средношколските денови.

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска (@gvacev)

Во меѓувреме таа дипломираше на факултетот за Музичка уметност, а има свирено и со многу други познати музичари од Македонија. Таа соработуваше и со Бранислав Николов (Пијан Славеј) и со овој бенд настапи на ОФФ фест, а снимаше и една песна со Љубојна за саундтракот за филмот „Стела“.

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска

Со „Фанк шуи“ следува албум и турнеја, а во подготовка е и нејзин нов албум, откако минатата година го издаде својот прв соло албум, „Weird Fishes“.

Како таа изгледаше во спотот на култниот бенд „Дупер“, но и како изгледа сега, погледнете во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска (@istanbulmehmet)

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

Фото: Принтскрин јутјуб/ Дупер (Не сум твој тип)

https://www.instagram.com/p/B0018M1nOiB/

https://www.instagram.com/p/CGVMNMxFVIV/

https://www.instagram.com/p/CY606_vMhSv/

https://www.instagram.com/p/CG-bsONryab/

https://www.instagram.com/p/CGsn5DqsC3z/

https://www.instagram.com/p/CBQNucqHFds/

https://www.instagram.com/p/CM7uZquLZDA/

Фото: Инстаграм/ (@natas_ah)

Фото: Инстаграм (@simone.kalica)

Фото: Инстаграм/ Мартина Баракоска (@leletomi)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button