Еве како изгледа Ирена Спасовска без шминка и филтри – „горат“ СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, го покажа „вистинското лице“
„Путер лице и без грам шминка“
Иако на македонската естрада „трае“ со години во последно време таа изгледа подобро од било кога.
Ирена Спасовска иако имаше турбулентен период таа застана на нозе, а се чини и стои цврсто како никогаш досега.
Судејќи по објавите на Фејсбук Ирена води грижа за себе и за своето „путер“ лице, па не се срами да објави и фотографија без грам шминка на себе.
„Путер лице без грам шминка.
После одмор, третман за враќање на сјајот и еластичноста на кожата на лицето.
Дермабразија, масажа на сол и лимфна дренажа за исфрлање на непотребни течности. Серум и хеулорон за хранење кожата“ објасни Ирена и објави кратко видео и фотографија без шминка.
Од ден на ден Ирена изгледа се поубава и помлада.
За да се одржи во добра форма, пејачката редовно вежба во теретана со личен тренер, внимава на изгледот, вегетаријанец е и се храни здраво.
Секое утро, таа пие свеж лимон со пола литар топла вода, и тоа многу ѝ помага во топење на мастите.
Сепак се чини дека покрај сите позитивни коментари и комплименти Ирена добила и некоја критика, па сим се обрати на „хејтерите“.
„Во инает на моите мразачи и годините што доаѓаат се чувствувам помладо дури и од пред петнаесет години. Ќе му пркосам на времето со мојата ведрина, духовност и виталност“, напиша пејачката.
Дека пејачката ужива во секој момент од животот го докажуваат и нејзините објави на социјалните мрежи.
Веднаш по веста дека може да се патува таа замина на одмор во Турција, а оттаму сподели неколку фотографи во бикини.
Познатата фолк пејачка преку целиот ден се забавуваше покрај базените и на плажата во костими за капење, пиејќи коктели, а вечерта уживаше во претставата какви секоја вечер се организираат од хотелот за нивните гости.
Ирена е доста активна на социјалните мрежи и скоро не поминува ден, да не сподели некаква објавата.
Таа ретко споделува мигови од приватноста, но деновиве одлучи да објави фотографии со нејзината ќерка Тамара.
„Тами и Мами“, напиша Ирена во опис на фотографиите.
Она што може да се забележи е дека Тамара неверојатно многу личи на својата мајка.
Двете изгледаат преубаво, а фановите на пејачката се воодушевени од нејзиниот изглед.