Еве како изгледа денес Ружица од групата „Ареа“ – ќе се изненадите, во вакво издание не сте ја виделе
Таа денес е мајка и успешна деловна жена, а нејзиниот бенд во кој е и нејзиниот сопруг беше еден од најпознатите рок состави во Македонија во 90-тите
Македонската рок група „Ареа“ од Гостивар беше и остана вистински феномен на нашата музика сцена.
Тие ја израдуваа скопската публика со нивниот предновогодишен настап на плоштадот Македонија, а на нивниот Јутјуб канал можете да ги погледнете нивните спотови како од старите песни кои се уште се хитови во нашата земја, но и да уживате во нивните најнови песни.
Тие пред неколку години ја одбележаа 30-тата година постоење на музичката сцена, а песната „Сите мои слики“ се уште е хит и се врти по радиостаниците како и тогаш, кога за прв пат се појави.
Принтскрин/ Јутјуб
Бендот беше препознатлив и по атрактивната Ружица Милошеска Брчиоска која со својот глас, но и изглед, ги оставаше сите без здив.
Таа и денес плени со својот шарм и убавина, а изгледа како воопшто да не се променила од почетокот на кариерата.
Принтскрин
Препознатлива по својата црна коса и авангарден стил Ружица се уште изгледа како и во своите најдобри денови.
На нејзиниот Фејсбук профил има слики кои што привлекуваат внимание, како и на Инстаграм профилот на Ареа.
Фото: Инстаграм/ Ареа
Таа е во брак со својот сопруг Ивица кој исто така е дел од овој рок-бенд, а плод на нивната љубов е ќерката Елена.
Тие и денес свират и имаат настапи, а многумина се изненадени и од уште еден детаљ од животот на познатиот вокал.
Имено, Ружица по професија е електроинженер и работи во ЕЛЕМ, а како изгледа денес, погледнете во продолжение…