Еве како изгледаше нагиздената невеста и раскошната торта на свадбата на внуката на Амди Бајрам – летаат пари на сите страни!
Испловија први фотографии и видеа од раскошната свадба на внуката на поранешниот пратеник Амди Бајрам
Ќерката на наследникот на поранешниот пратеник Амди Бајрам, Перјан се омажи за своето момче.
Семејството на поранешниот пратеник и лидер на Сојузот на Ромите, во време на паника и страв, и кога над сите над главите ни виси опасноста од вирусот, но и новите карантински мерки, очигледно одлучија да внесат малку повеќе среќа и надеж во нивните животи. Тие решија да ја презакажат свадбата на Перјан, па наместо во ресторан во Шуто Оризари, се одржа на брод на Босфорот со преку 300 гости од Македонија, пренесуваат нашите медиуми.
Неговиот син Габриел, на социјалните мрежи сподели видео од кое можеше да е види дел од атмосферата, но за жал видеото, најверојатно заради критиките од страна на јавноста, набргу беше тргнато. На раскошната свадба наводно имало преку 600 гости, од кои преку 300 биле од Македонија, а како изгледаше убавата невеста може да погледнете во продолжение.
Гламурозната ромска свадба најпрво беше закажана за во еден ресторан во Шуто Оризари, но откако во медиумите се појави поканата што семејството ја испрати до гостите, поранешниот пратеник изјави дека поради мерките донесени од владата и состојбата со вирусот, решиле да ја откажат истата.
Но очигледно дека тие само ја „дислоцирале“, а со тоа семејството Бајрам успеа да го „надмудри“ законот.
На големиот ден, кога контроверзниот дедо ја жени својата мала принцеза на која и посакува дворец полн со соништа и принц што ќе и помогне да ги исполни истите, Бајрам изгледаше поприлично весело.
Невестата на главата носеше венче во форма на круна под која се редеа евра од гостите, а евра се лепеа и на музичарите кои на присутните ревносно им ја исполнија секоја желба.
Инаку убавата внука на Амди, Перјан, и нејзиниот брачен другар Мектедир се свршија минатата година, а како изгледаше нивната веридба погледнете во продолжение.
Нејзиниот дедо во политиката беше активен цели 26 години откако во 1994 година стана пратеник како член на Партија за целосна еманципација на Ромите. Тој откако наполни 64 години се збогуваше од парламентот, но остана на чело на Сојузот на Ромите која што ја основаше во 1996.
Што се однесува до свадбата, тие повеќе од цела година се подготвувале за неа. Внуката на Амди Бајрам, Перјан, која е ќерка на неговиот син Габриел и го носи името на неговата сопруга, се сврши во септември 2019, кога беше направена раскошна веридба, со музика, многу гости и неколку раскошни свечени тоалети. Но тоа сепак беше само венчавка, а свадбата беше планирана за оваа година.
Но поради мерките за заштита од корона вирусот, тие постојано морале да одлагаат, па така и прославата која беше закажана во еден ресторан во Шуто Оризари, за која дури испечатија и покани, мораше да ја откажат. Како што изјави Бајрам, во никој случај не би ја прекршил забраната, што и се случи, бидејчи се’ беше по „протокол“ – во друга држава, каде што се недопирливи за нашите закони.
Како што самиот изјави за Фокус, од Македонија имало преку 300 гости и околу 200 гости од Турција. Присуствувале и турски политичари од партијата на Ердоган, атмосферата била прекрасна, а целиот настан го организирале за многу кратко време, со помош на пријателите на Ердоган.
„Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан“, изјави Бајрам за Фокус.
Што се однесува до состојбата со вирусот корона во нашата земја, на 5 октомври беше воведена забрана за живи свирки во кафулиња и ресторани, а на една маса е дозволено да седат најмногу 4 лица. Новите поригорозни мерки беа донесени откако бројките со новозаразени во нашата земја почнаа рапидно да се зголемуваат, а министерот Венко Филипче постојано на прес-конференциите потенцира дека бројките на позитивни растат токму заради семејни собири, прослави, свадби и концерти што се случуваат во кафулиња.
Од друга страна, во Турција според последните официјални податоци од сабота беа регистрирани 1.700 нови позитивни на ковид-19, а бројот на активни случаи е 34.000.