Еве како изгледаше Карлеуша на првиот школски ден на своите ќеркички – кратко фустанче и деколте од милион долари
Ќерките на познатата поп дива Јелена Карлеуша тргнаа на училиште, по долгиот летен распуст.
Пејачката објави фотографија на Инстаграм на која седи во школските столчиња и позира со своите две наследнички. Таа под фотографијата напиша:
„Моите школски девојчиња“.
За оние што не знаат, Јелена и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ за Атина (10) и Ника (9) избраа интернационално школо во кое претежно одат странци, а наставата е на англиски јазик. Тоа е едно од најскапите приватни училишта во регионот, каде една година изнесува 7000 евра по дете, што значи дека фудбалерот и пејачката одвојуваат голема сума на пари за своите наследнички. Тие решија да го направат овој чекор по големите проблеми во кои се најде Карлеуша поради скандалот со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш.
Карлеуша за оваа пригода се дотера од глава до пети, облечена во црвен фустан со точки во кој изгледаше неодоливо.