Еве како изгледала Лила на почетокот од својата кариера – испливаа досега НЕВИДЕНИ фотографии, како да не е истата жена!
Денеска важи за една од најзгодните и најпознатите водителки во Македонија.
Шармантна, убава и секогаш забавна, таа знае како да го задржи вниманието на гледачите пред малите екрани, па иако со години ја знаеме таа секогаш знае како да внесе свежина и новитети во својата работа.
Една и единствена Лила Филиповска неодамна се потсети на своите почетоци на кариерата и објави досега невидена снимка од себе, а како што вели истата снимка и таа ја видела за прв пат.
Иако убава и млада, Лила е сосема непрепознатлива, а фризурата, шминката, па и стајлингот воопшто не изгледаат како што изгледаат денес.
Секако со оглед на годините и времето Лила била модерна и во тоа време.
– Оваа снимка ја гледам прв пат во животов и искрено не се ни сеќавам многу, но знам дека тоа се дефинитивно моите први водителски обиди во Македонската Телевизија 1995. Божееее каква фризура, каков аутфит. Ова мора да го видитееее“ напиша тогаш Лила под видеото кое самата го објави.
Таа отсекогаш важела за модерна и шик дама, а тоа секојдневно го докажува не само на телевизија, туку и на социјалните мрежи.
Инаку Лила Филиповска важи за жена која е полна со самодоверба.
Без разлика дали е облечена од глава до петици или е разго-лена или во костим за капење Лила едноставно изгледа беспрекорно.
Нашата позната водителка Лила Филиповска покрај сјајната физичка линија има и специфичен моден вкус.
Нејзините модни комбинации многу модерни дами радо ги копираат, а позната е и по тоа што знае како да склопи интересни и тренди парчиња од различни брендови и стилови, и да изгледа впечатливо.