Еве како изгледаат мајката и братот на Стојанче Ангелов – „исплива“ фотографија, ќе се изненадите од тоа колку си личат!
Македонскиот политичар го покажа своето најблиско семејство и ги воодушеви сите.
Стојанче Ангелов е еден од ретките политичари во Македонија, кој понекогаш знае да сподели фотографии од своето семејство, а и да ја покаже својата емотивна и романтична страна.
Стојанче Ангелов е претседател на партијата „Достоинство“ и поранешен генерал-мајор на специјалните единици на македонската полиција.
Пред 8 месеци Владата го именуваше Ангелов за в.д. директор на Центарот за управување со кризи.
Срцето на Ангелов го освои Јасминка, со која важат за еден од најскладните парови во земјава.
Тие се пар кој се бори за правда, достоинство на народот. И покрај сите бури и животните предизвици, нивната љубов била посилна од се.
Таа, дел од МВР и жена која отворено влезе во војна со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.
Јасминка и Стојанче имаат по една ќерка од претходните бракови, а круна на нивната љубов им се заедничките син и ќерка.
Сите заедно се едно големо, среќно семејство.
Нивната љубов започнала пред повеќе од 15 години, на работното место.
Еден за друг велат дека се сродни души, грнче и капаче.
Јасминка во свое интервју има кажано дека Стојанче е токму половината која ѝ недостасувала цел живот.
Таа откри дека Стојанче обожава да готви за своето семејство и дека помага многу во домашните обврски.
Иако политичарите ретко зборуваат за својот приватен живот, Стојанче и Јасминка често споделуваат фотографии и од своите деца, на кои се трудат да ги пренесат вистинските морални вредност.
Семејството е најсветото нешто за Ангелов, а сега одлучи да ги покаже и својата мајкс и брат.
Викендов, пред големиот христијански празник Крстовден, Стојанче и Јасминка отидоа на гости на мајката на Стојанче на семејна дружба.
Ангелов сподели и фотографии од дружбата на која се гледа и неговиот брат со кој неверојстно многу си личат.
Третиот брат на дружбата се придружил преку Скајп.
„Ден пред Крстовден мала семејна дружба во Штип. Третиот брат на седенката се вклучи по скајп“, стои во опис на фотографиите.
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов
Фото: Фејсбук / Стојанче Ангелов