Реклама
Вирално

Еве како денес изгледа убавицата која во 80-тите и 90-тите важеше за НАЈПОСАКУВАНАТА жена во целиот свет (фото)

Реклама

Габриела Сабатини е името кое што вистинските љубители на тенисо0т го кажуваат со почит

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Габриела беше една од најпопуларните тенисерки при крај на 80-тите и почетокот на 90-тите години од минатиот век, но и симбол за женственост во целиот свет.

И додека другите тенисерки и на терените и надвор од нив во главно беа „закопчани до грло“, харизматичната Габриела секогаш беше слободна, воопшто не го криеше својот шарм и додека играше, и тоа не и преставуваше проблем да освои бројни титули, иако кариерата ја заврши премлада, во 1996 година, кога имаше само 26 години.

Маркетинг

Шармантната Аргентинка за време на својата богата спортска кариера освои 27 турнири, но никогаш не се искачи до првата позиција на ВТА листата. Најдобриот пласман во кариерата и беше третото место (1988 година),а истата година освои и сребрен медал на Олимписките игри во Сеул.

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Во финалето ја порази Штефи Граф, нејзината голем ривал која што ја победи и на уште два други големи Гранд Слам финалиња. Германката од Сабатини беше подобра во 1988 година во финалето на УС Опен, а три години подоцна и во финалето на Вимблдон.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Таа неодамна го прослави својот 50 роденден, а фотографиите на нејзиниот Инстаграм сведочат дека и денес изгледа прекрасно. Покрај кариерата има издадено и своја линија парфеми, а на интернетот може да се прочита дека подоцна почнала да се занимава и со недвижности, и дека најчесто престојува во својата резиденција во Швајцарија.

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

„Ќе станев наутро и ќе си помислив, Боже, морам да одам да вежбам, а не сакам. Едноставно сакав некои други работи. Сакав да видам како изгледа животот надвор од тенисот. Беше забавно да се игра, но во еден момент ми стана како одење во канцеларија“, изјави своевремено познатата тенисерка.

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Па, како што можете и дами да видите, иако поминаа години и години, оваа позната Аргентинка и денес е една од најубавите жени во историјата на тенисот. Таа и на почетокот од шестата деценија изгледа совршено, свежо и модерно, а може да се пофали и со своите бројни деловни успеси.

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Таа и денес редовно објавува фотографии на својот Инстаграм каде има преко 200.000 фанови и не ретко се потсетува на славните тенисерки денови што ги круниса со освојување на УС Опен во 1990 година.

Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини
Фото: Инстаграм/ Габриела Сабатини

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button