Бергузар и Халит за месец и пол успеаја да се решат од вишокот килограми за потребите за снимање на една серија.
Турските актери Халит Ерген и Бергузар Корел на гледачите во Македонија им станаа омилени по серијата „1001 ноќ“. Тие за време на снимањето на серијата започнаа љубовна врска, а денес веќе неколку години се во складен брак.
Но Халит и Бергузар заљубен пар не глумеа само како Онур и Шехерзад, туку и во 2016 година во серијата „Ти си моја татковина“.
Халит во оваа серија го играше Џевдет додека неговата сопруга и колешка беше убавата Азизе, а интересно во врска со оваа серија беше и тоа што тие и двајцата пред да снимањето мораа да одат на диета.
Имено, таа беше задолжителна само за Халит, но неговата сакана решила да се солидаризира со него.
Познатиот актер тогаш глумеше турски војник заробен во Грција за време на Балканските војни, а бидејќи мораше да глуми изнемоштено воено лице во заточеништво мораше да се реши од вишокот килограми.
Како што открија подоцна медиумите, диетата ја осмислила Бергузар Корел и по само месец и половина и двајцата ослабнале.
Халит наводно за ова време изгубил 14 килограми, а неговата сопруга 7, и тоа додека биле на напорни целодневни снимања.
Хaлит тогаш потполно го исфрлил шеќерот од исхраната, како и намирниците со глутен, како и млечните производи. Јадел сиров зеленчук и полупечено месо и речиси целосно бил на свежа хранa.
Инаку, Халит, македонската јавност најмногу ја освои со неговата улога на Сулејман Величествениот во истоимената серија.
Тој наскоро ќе наполни 53 години, а со 12 години помладата сопруга Бергузар ќе се ожени во 2009 година.
Познатиот пар во 2011 година ќе го добие синот Али, па Хан во 2020 година, додека во 2021-та ќе им се роди ќерката Лејла.
Јавноста од самиот почеток со интерес ја следеше нивната љубовна приказна која од самиот почеток е бурна. Имено, Халит тогаш беше во брак со 14 години помладата актерка Гизем Сојсалди.
Халит и Бергузар за време на снимањето на „1001 ноќ“ почувствувале голема привлечност, посебно кога заминале за Париз.
Набргу потоа Бергузр ќе го остави своето момче, а Халит ќе побара развод од Гизем и покрај тоа што беше бремена.
Гизем ќе реши да го абортира бебето, а познатиот актер и платил 250.000 лири по бракоразводниот судски процес.
Како Гизем, која подоцна се ожеми за својот девер, односно братучед на Халит, изгледа денес, погледнете во продолжение…
Но, како што пишуваа во тоа време турските медиуми, Халит имаше проблеми и со својата нова сопруга. Таа наводно била љубоморна на љубовните сцени што познатиот актер ги имал со Мерјем Узерли со која што Халит глумеше во „Сулејман Величествениот“ и наводно барала развод.
Сепак, гласините дека се разведуваат за брзо време се покажаа како неточни, а тоа може да се забележи и од нивните заеднички фотографии.
Имено, Бергузар на својот профил често објавува фотографии од нивниот семеен живот, на кои секогаш се среќни и весели.
Некои од нив погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм