Еве како Дарко живее во Германија – нов имиџ, на рацете СКАПОЦЕН часовник, а поранешната го пpoвоцира на Инстаграм

Врти нова страница во животот!

Фолкерот Дарко Лазиќ ја напушти Србија по раскинувањето со неговата свршеница Марина Гагиќ со која го има синот Алексеј.
Како што пишуваат српските медиуми, тој е решен да започне нов бизнис во Германија, каде што моментално се наоѓа, а најголемата поддршка во сето ова му ја дава неговата мајка Бранка. Таа дури за медиумите и откри дека според неа, на Дарко му е многу подобро во Германија отколку дома и дека најдобро за него е да остане таму.

Сепак, се чини дека Дарко е решен да го промени животот од корен во Германија, па така е и забележан неговиот нов начин на облекување.
Кошула откопчана на градите, тесни панталони и впечатлив ремен, е една од комбинациите, што особено го привлече вниманието на жените, а која Лазиќ гордо ја покажа на својот Инстаграм.

Иако наводно возачката дозвола на Дарко во Србија била трајно одземена поради сообраќајни прекршоци, тој успева да ја оствари својата страст за возење во странство, а тоа го покажа и на фотографијата што ја сподели на социјалните мрежи и на која гордо позира зад воланот, а на раката му блескаше скапоцен часовник.
Лазиќ одржа еден настап во Германија, го наполни клубот, а потоа седна со пријателите и уживаше во музиката.

Судејќи според сето ова, се чини дека по раскинувањето, фолкерот ужива во ергенскиот живот во целост и не му е гајле.
Како да се натпреварува кој е подобар, а неговата свршеница Марина е многу активна на мрежите во последно време, па покажа колку добро изгледа во предизвикувачка комбинација во која се исцртува секоја линија од нејзиното заносно тело.

Патем, ова не е прв пат Марина да предизвика лавина коментари, а откако не е со Дарко, тоа го прави се почесто.
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Марина Гагиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
ФОТО: Дарко Лазиќ / Инстаграм
