Еве како водителот од ТВ Телма ужива за сите пари со близначињата и сопругата на одмор во Грција
Ненад е одличен сопруг и татко, но и згоден како манекен
Нашиот познат водител многу дами остави без зборови кога покажа како се грижи за своите деца, но и како изгледа на плажа…
Еден од омилените македонски водители Ненад Ѓорѓиевски отсекогаш водел сметка за својот изглед, што го покажа и сега.
Имено, тој веќе некое време ужива со семејството во Грција, а неговите објави откриваат каков е тој како татко, но и дека е во топ форма.
Инстаграм/ Ненад Ѓорѓиевски
Тој објави неколку фотографии покажувајќи како се забавува заедно со своите близначиња, а посебно ги израдува сите со објавата со која му го честиташе именденот на малиот Иво.
Инстаграм/ Ненад Ѓорѓиевски
Водителот потоа објави уште неколку фотографии со кои покажа како ужива со својот наследник во морето на преубавото зајдисонце.
Инстаграм/ Ненад Ѓорѓиевски
Потсетуваме, Ненад и неговата сопруга Горана имаат близначиња, Иво и Љупка, кои годинава треба да наполнат девет години.
Инстаграм/ Ненад Ѓорѓиевски
Водителот е во брак скоро 15 години со својата сакана Горана и важат за еден од најскладните парови во јавноста кај нас.
Тие се запознале додека Горана беше дел од продукцијата „Томато“, преку заеднички пријател, а како што самиот Ненад во една пригода откри Горана покрај тоа што е прекрасна сопруга, таа е и неговиот најголем поддржувач во работата, но и во секојдневието.
Инстаграм/ Ненад Ѓорѓиевски
Тие и двајцата се љубители на природата и сакаат авантури, а често си ги полнат батериите и во нивната викендичка покрај Пчиња.
Тоа може да се види и од објавите на Ненад на Инстаграм, а како тој ужива со семејството, погледнете во продолжение…