Еве како Анета ја лечи тагата по разводот – ги „спакува“ куферите и заминува далеку од Македонија (видео)
Пејачката на ова место ќе го помине католичкиот Божиќ
Познатата пејачка откако се разведе реши да сврти нова страница во животот и очигледно тоа успешно го прави.
Имено, Анета сега сериозно работи на својата соло кариера, а во последно време речиси и да нема викенд да не настапува некаде.
Таа на 24 декември настапува во Германија, а деновиве ги изненади сите и со своите нови песни што премиерно ги изведе на ИН ТВ.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Но пред да ги спакува куферите и да замине за Германија, каде ќе настапи заедно со групата „Круна“, таа снимаше и неколку новогодишни емисии во Македонија, а од објавите на социјалните мрежи можевме да видиме дека е полна со енергија како никогаш досега, но и дека знае како да направи добра забава каде и да се појави.
Пејачката публиката ја воодушеви и со својот нов имиџ, а дека тоа навистина е така може и сами да се уверите во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета неодамна се разведе од својот емотивен партнер со кого беше со години и од кого има ќерка.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа набргу по разводот на социјалните мрежи го врати своето моминско презиме, а од нејзините објави можеме да заклучиме и дека турбулентниот период е веќе далеку зад неа и дека е подготвена за нови предизвици во нејзиниот живот.