Еве каков хаос направија синот и внукот на пејачот Војо Стојаноски – ваква свадба не сте виделе досега
Една убава македонска свадба
Вака изгледа кога нашите фолк-пејачи ќе запеат заедно
Влатко Миладиноски и неговиот братучед Дамјан Стојаноски важат за едни од напите најдобри фолк-пејачи од помладата генерација.
Тие и двајцата имаат веќе голем број хитови зад себе, а за нивните настапи секогаш се бара влезница повеќе.
Но кога тие ќе настапуваат заедно секогаш се случува спектакл, а тоа може да го видиме и од следната снимка.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Имено, на социјалните мрежи се уште е хит снимката на која се гледа како тие ги забавуваат гостите на една свадба.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
„Да се потсетиме на една убава свадба“, напиша Влатко во описот на видеото што стои на неговиот Фејсбук профил.
Нивната заедничка енергија и шарм ја направија оваа веселба незаборавна, како за гостите, но и за самите пејачи.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Впрочем и тие самите беа презадоволни од она што се случуваше на подиумот, а видеото воодушеви многумина и на Фејсбук.
Како сето ова изгледаше и зошто Влатко и Дамјан важат за едни од најбараните пејачи кога станува збор за ваков вид на прослави и веселби, погледнете во продолжение…
Потсетуваме, Дамјан е син на легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски, а Влатко му е прв братучед.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Тие својата кариера ја започнаа уште додека Војо беше жив, а тој многу беше горд со нив и тие често настапуваа заедно.
Фејсбук/ Влатко Миладиноски
Војо почина во 2014 година, а синот Дамјан кој се роди во 1996 година го доби од бракот со новинарката Евица Камберова – Стојаноска.