Еве какво мислење има Марија Шерифовиќ за Мики Секуловски – ова нема да им се допадне на сите
Според Марија, Мики е убедливо најдобар...
Еве зошто Мики Секуловски овие зборови на Марија Шерифовиќ нема никогаш да ги заборави, но тие истовремено предизвикуваат и љубомора кај некои колеги со кои се натпреварува во шоуто…
Откако велешанецот Мики Секуловски растури во последната емисија, на социјалните мрежи не стивнуваат реакциите за него.
За многу гледачи од Македонија што го следат шоуто, тој е убедливо еден од најголемите фаворити за победа во „Ѕвездите на Гранд“, а Мики со неговиот последен настап само го потврди тоа.
Имено, тој буквално растури на сцената, посебно кога ја запеа „Јовано, Јованке“, песна со која никого не остави рамнодушен.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И како што Марија Шерифовиќ во една пригода отворено порача дека Мики е досега најдобриот рокенрол пејач во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Тука беа неколку рокендрол изведувачи кои оставиле некаков траг: Исак, Ханад, Јосифовски… Но досега, кога е оваа музика во прашање, ти си далеку најдобар“, му порача тогаш пејачката со што се согласија и сите останати претставници на жирито, додека неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше пресреќна што има ваков генијален пејач во својот тим.
Потсетуваме, Мики во последната емисија настапи во дуел со уште еден многу добар пејач, Стефан Томиќ.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И откако резултатот беше изедначен, тие мораа да пеат и акапела, и тоа два пати бидејќи првиот пат повторно беше нерешено.
Но на крај Мики со „Јовано, Јованке“ растури, а како изгледаше и овој момент, потсетете се од видеото во продолжение…