Тесни фармерки во силни бои се во мода
Тесните фармерки се омилен модел на многу дами во последните неколку години. Посебно се популарни темносините и црните модели со висок струк кои „глумат“ стегачи и визуелно го стеснуваат телото.
Преку летниот период се носат и тесни бели модели кои совршено стојат со „кроп топ“ маици, сандали со отворени прсти и други тренди додатоци.
Но во последно време на Инстаграм се почесто можеме да видиме дека познатите блогерки се почесто избираат и малку повесели модели – од фармерки во силни и впечатливи бои, како црвена, жолта, розова.. преку модели премачкани со восок до модели со интересни и разиграни дезени.
Zara
Во прашање се интересни летни модели со кои лесно можете да дојдете во центарот на вниманието и да ги изненадите сите со вашиот впечатлив изглед.
TopShop
Stradivarus
Pull&Bear
NewYorker
Mango
H&M
Dorothy Perkins
C&A
Berhska