Богдана ќе промени три тоалети на својата свадба
Како што пренесуваат српските медиуми Богдана Родиќ, идната снаа на Цеца, наводно, ќе промени три тоалети на својата свадба. Една од нив ќе биде направена од 3000 кристали, а втората ќе биде онаа која што Цеца ја носеше на својата венчавка со Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Имено, Богдана и Вељко треба да застанат на лудиот камен и да го изговорат своето судбинско ДА на 24 ноември. Според многумина ќе биде ова „свадба на деценијата“, а за тоа посебно ќе се погрижи Цеца нема да остави ништо на случајноста. Блиски до семејството велат дека подготовките веќе се при крај и уште од сега се најавува вистински спектакл.
Како што е веќе познато, бремената невеста на свадбата ќе ја носи венчаницата која пред 24 години ја носеше Цеца.
Богдана самата одлучила да се појави во неа, а во истата венчаница се омажи и сестрата на Цеца. По ова Богдана ќе се појави во уште две други тоалети, а како што објави „Пинк“, една од нив невестата ќе ја носи за градското венчавање додека другата на прославата во ресторанот.
Според Пинк една од нив ќе биде украсена со 3000 кристали и Богдана во неа ќе изгледа како вистинска принцеза.