Еве зошто целиoт Балкан повторно зборува за Адам Лабунски – МАКЕДОНЕЦОТ уште првиот ден растури во Задруга!
Прво ја соблече маичката, а потоа запеа и ги воодушеви сите!
Во склоп на шестата сезона од ријалитито што се емитува на телевизија Пинк „Задруга“, но и на социјалните мрежи, водителот Дарко Танасијевиќ ги викна задругарите кои беа дел од „Изборот за Мис и Мистер“ да излезат на бината и покажат какви комбинации избраа за на плажа.
Меѓу кандидатите беше и младиот пејач Адам Лабунски, кој одлично се забавуваше додека се шеташе, а во еден момент ја соблече кошулата и замеша со колковите воодушевувајќи ги претставничките на понежниот пoл во публиката.
Но тој не ја воодушеви публиката само со тоа!
Имено, камерите потоа го фатија како пејачот цело време им пее на останатите задругари.
Поранешната „Гранд ѕвезда“ почна да пее и да ги развеселува задругарите, а една песна посебно го погоди Даниел Висиќ за кого се шушка дека се мува со Сандра Бакша.
Даниел ја запеа песната заедно со него и тоа специјално за Сандра која седеше со нив во дворот.
Потоа тие продолжија со флертувањето, а што ќе се случува понатаму помеѓу нив наскоро ќе дознаеме.
Но она што за сега е сигурно е тоа дека Адам ги воодушевува сите со својот глас, што се гледа и по коментарите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб Пинк
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски
Фото: Инстаграм/ Адам Лабунски