Реклама
Секс

Еве зошто треба да имате повеќе секс за време на новогодишните празници

Реклама

Деновите кога можете и треба да се релаксирате, наместо кавги со партнерот, поминете ги во жешки игри под чаршавите…

Иако можеби ќе ви изгледа како воопшто да немате време за страст бидејќи зад гостите останува цел куп неиспрани садови, порталот „Huffingtonpost“ ве советува да најдете малку време да се опуштите и препуштете на…

Маркетинг

Неколку чаши повеќе е сосема во ред

Алкохолните пијалаци се неизбежни за опуштање и стимулирање на либидото.  Дозволете си чаша вино за ручек или вечера. Греаното вино може да биде добар афродизијак. А ако го подготвувате дома, можете да го зачините со ѓумбир, цимет, ванила и шеќер…

Уживајте во храната

На диета секогаш може да се ставите после Нова година, па затоа опуштете се и уживајте во храната и пијалокот! Определете се за колачи со големи количини на какао или темно чоколадо кое ќе во помогне да го достигнете доброто расположение. Темното чоколадо е извонреден афродизијак, а антиоксидансите се одлични за активација на сексуалната енергија.

Маркетинг

’Сакање‘ под елката

Бакнежи под елката? Зошто да не? На партнерот можете да му предложете да уживате ако ја соблечете сета облека од себе, а со имелата можете да му покажате каде се вашите ерогени зони. Забавата ви е загарантирана!

Шише на вистината, Drinkopoly или „Не лути се човече“

Не ви е потребно големо друштво за да добро се забавувате, туку шише со добар пијалок и упорност. Нека победата ви биде предизвик, затоа што натпреварувачкиот дух може само да ви ги разгори страстите.

Со празничен секс, ослободете се од стрес

Капата на Дедо Мраз или некој друг украс можете да го употребите за некое стратешко место, или да си ’посакате‘ многу среќни празници. Пронајдете време за игри во креветот, а истите освен што ќе ве расположат и ќе ви ја обноват енергијата, ќе ви согорат и многу калории.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button