Татјана Стојановска изгледа прекрасно
Нашата позната водителка деновиве прослави 45 роденден, но за нејзини години изгледа одлично.
Таа важи за една од нашите најубави водителки, а тоа дека за неа годините се само бројка кажуваат и нејзините фотографии.
На нејзината природна убавина можат да и завидуваат и многу помлади колешки, а како изгледаше во најубавите денови погледнете во продолжение.
Таа и тогаш и сега маѓепсува со својата убавина, па многумина ја споредуваат со славната актерка Моника Белучи. Но ова и не треба да не чуди бидејќи Татјана на почетокот од својата кариера беше фото модел.
Имено, таа како тинејџерка беше избрана за „Мис на Македонија“, а потоа и „Мис планета“ на изборот за убавина во соседна Бугарија.
Таа неодамна го прослави својот 45 роденден, а во коментарите на социјалните мрежи фановите ја споредуваат со италијанската дива.
Нема сомнеж дека нашата позната водителка заслужено го носи овој прекар…