Еве зошто со овие три модели на обувки НИКОГАШ нема да можете да погрешите

Нема жена која барем еднаш во месецот нема да и се случи да го отвори плакарот и да помисли дека нема што да носи.

И ова се однесува како за облека, така и за обувки.

ADVERTISEMENT

Од друга страна пак, оние што ги следат трендовите, во своите плакари најчесто ги имаат следниве три модели.

Во прашање се модели со кои не можете да згрешите и кои претставуваат моден класик. Со нив во летните месеци ќе изгледате модерно и дефинитивно секогаш ќе бидете во чекор со трендовите.

Сандали со ниски потпетици

Иако на прв поглед не изгледаат како обувки за летните месеци, таканаречените голи сандали се наметнаа и се голем хит, а најчесто ни доаѓаат со помали потпетици и претставуваат совршен летен избор.

Бели патики

Во летните месеци нема да погрешите и ако изберете патики, а посебно се популарни моделите во бела боја.

Еспадрили

Еспадрилите покрај сандалите ни се омилени преку лето. Тие се удобни и секогаш се во тренд, па така секое лето не освојуваат. Можеме да ги носиме преку цел ден, и тоа апсолутно со сé – со здолништа, фармерки, панталони, фустани…

Facebook Comments
(Visited 85 times, 8 visits today)