Еве зошто сите зборуваат за ова издание на сопругата на Мицкоски – се појави и со ова го украде шоуто
Рози ги воодушеви сите со својот стајлинг, а овие детали не можеа да поминат незабележано
Еве зошто сите зборуваат за „Браќа Манаки“
Свеченото отворање на фестивалот „Браќа Манаки“ се одржа деновиве во Градот на конзулите, а една дама посебно привлече внимание.
Имено, на отворањето беше и премиерот Христијан Мицкоски заедно со неговата сопруга Рози која сите ги изненади.
Рози Мицкоска се појави меѓу првите на црвениот килим заедно со сопругот и цело време не ја тргаше насмевката од лицето.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Таа за оваа пригода заблеска во свилена тоалета во неодолива бургунди нијанса, а целото издание го заокружи со впечатлива црна марама која што ја носеше преку рамениците кои беа целосно покриени од неа.
Но покрај овој детаљ Рози привлече внимание и со своите интересни очила со рамка во нежна розова нијанса додека целото издание го „заокружи“ со впечатлива, светкава чанта и црни сандали.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Таа на црвениот килим пристигна видно расположена и цело време со насмевка заедно со сопругот им позираше на фото-репортерите.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Фустанот пол погодок, како и фризурата…
Она што посебно привлече внимание во ова издание на Рози беше и нејзиниот фустан кој е хит во светот на модата.
Во прашање е модел кој беше популарен во деведесеттите години, но кој се уште е актуелен, посебно последните неколку сезони.
Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Имено, заводливите и неодоливи „слип“ фустани (модели што потсетуваат на ноќници) им се заштитен знак на многу познати дами од светскиот џет-сет, а ги обожава и шпанската кралица Летиција.
@leoniehanne
Елеганција за секој ден
Овие фустани им се омилени на многу познати дами, од Кејт Мос и Селена Гомез, до Кендал Џенер и Бела Хадид.
Тие иако имаат едноставен крој, изгледаат мошне софистицирано и свечено, но во последно време можеме да ги видиме и во дневни варијанти, посебно кај бројни ИТ девојки.
@xeniaadonts
Неколку модели што може да ги носите како во вечерни, така и во дневни пригоди, погледнете во продолжение…