Оваа фризура може да им стои убаво на сите
Познатата скопјанка често го менува својот изглед, а овој пат направи уште една трансформација.
Агнеса Органџиева со промената се пофали на Инстаграм и веднаш освои голем број комплименти од фановите.
Инфлуенсерката на Инстаграм покажа како изгледа сега откако направи интересна промена со косата.
Имено, Агнеса одлучи да ја промени фризурата, и направи преубави локни со кои никого не остави рамнодушен.
Таа покрај тоа што фризурата ја направи на фризер, објави и фотографии од пред и по средувањето.
Шармантната модна блогерка е позната како дама која не само што ги следи, туку и ги диктира новите трендови. И тоа очигледно не важи само за модните парчиња што ги носи, туку и за фризурите.
Откако при крајот на минатата година го изненади сите со надоградбата на својата коса, од која и самата беше презадоволна и за која тогаш велеше дека е сјајна и мека како свила, Органџиева и овој пати ги воодушеви бројните фанови со својата преубава, долга руса коса.
Многумина коментираа дека со ваква фризура изгледа помладо и посвежо, па не се сомневаме дека убавата Агнеса и сега го направила вистинскиот избор. Имено, таа во рамките на своите Инстаграм приказни сподели уште една трансформација – нејзиниот фризер и направи афро локни, фризура за која се предвидува дека ќе биде голем хит.
Таа со вака стилизирана коса изглед барем 10 годни помладо, па доколку размислувате за промена ова може да биде вистинскиот избор. Делува младешки, а одлично стои на секој облик на лице. Оваа фризура можете да ја направите кај фризер или да ја направите сами
И бидејќи 70-тите се нешто што оваа сезона се враќа на голема врата не е изненадување што и оваа впечатлива фризура од тоа време е повторно актуелна и кај нас.
А најдоброто од сé е што вакво нешто можете да направите и сами, без премногу компликации.
Па, доколку имате фигаро, погледнете ги следните упатства:
Истата фризура можете да ја направите и без да употребувате топлина, што можете да видите во продолжение:
Во продолжение погледнете уште неколку фризури што ќе бидат голем тренд оваа пролет:
https://www.instagram.com/p/CJ-Wg_DDCUm/
https://www.instagram.com/p/B8UjciBlkV1/
https://www.instagram.com/p/CYrvVOPPNG6/
https://www.instagram.com/p/CXZL6ftNMuu/
https://www.instagram.com/p/CaYATQdPZs9/
https://www.instagram.com/p/CWlfJ1QMqMH/
https://www.instagram.com/p/B5J4IF-AFgs/
https://www.instagram.com/p/CZpe56WvIin/
https://www.instagram.com/p/CWTnIpcPVvT/
https://www.instagram.com/p/CUY1OswrehN/
https://www.instagram.com/p/CO5puqMMFD0/
https://www.instagram.com/p/Ca4xNy2De4-/
https://www.instagram.com/p/CbDbxbDPU-6/
https://www.instagram.com/p/CaDBaR7JJ3z/
https://www.instagram.com/p/CV5_PxPpuxK/
https://www.instagram.com/p/CNAlBS5nk13/
https://www.instagram.com/p/CNa28XerLtU/
https://www.instagram.com/p/CXonAABPWyM/
https://www.instagram.com/p/CW65XXQp-Uo/
https://www.instagram.com/p/CW9M6quPxWM/