Еве зошто сите гледаа во Лила – во вакво издание досега ја немавме видено, цел Солун го шармираше!
Познатата водителка имаше убав викенд
Познатата водителка Лила Филиповска со своите пријателки се појави на еден концерт во Солун и со својот изглед ги воодушеви сите.
Шармантната водителка за оваа пригода избра тесен црн фустан зачинет со светкави детали по целата предна страна, така што Лила во центарот на вниманието го истакна своето раскошно деколте.
Тесниот фустан и те како ја истакна убавата линија на Лила, додека украсите на фустанот го зачинија целото издание.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Водителката едноставно блескаше како никогаш досега, но беше и поприлично расположена што се забележува и од објавите.
Не треба да ја заборавиме и нејзината нова шик фризура која исто така одлично се вклопи во целото ова гламурозно издание, како и големите обетки што висат и преубавата шминка со кои Лила изгледаше како холивудските диви на црвениот килим.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Ваквото храбро издание предизвика бројни позитивни реакции, а голем дел од нејзините фанови се согласни дека ова е една од најубавите креации што водителката ги носела во последно време.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Како атрактивната Лила изгледаше во ова свое издание и зошто на сите им се допадна, погледнете во продолжение…