Еве зошто пријателствата од младоста имаат изненадувачко влијание на нашиот љубовен живот
Можно е долгите телефонски разговори со вашата најдобра другарка да бидат главен виновник за тоа што уште не ја најдовте љубовта, но можеби тие само ќе ве научат како да функционирате подоцна во долги врски.
До овој заклучок дојде едно интересно, неодамна објавено истражување кое можеби ќе ве интересира.
Во прашање е студија која ги испитуваше адолесцентните врски со врсниците, и дојде до заклучок дека луѓето кои имаат силни, блиски, платониски пријателства на возраст од 13 до 18 години, подоцна ја наоѓаат својата љубов. Најчесто на возраст помеѓу 27 и 30 години. Од друга страна, љубовта во средно училиште нема никаква врска со подоцнежната љубов.
„Романтичните врски во адолесценцијата се обично краткотрајни и, како такви, тие не им помагаат на тинејџерите да ги научат вештините што им се потребни за во иднина”, вели авторот на студијата Рејчел К. Нар, докторант на Универзитетот во Вирџинија.
Имено, луѓето кои во текот на најчувствителните години, во време кога хормоните „работат” успеале да одржат пријателства, подоцна тие се поспособни да ги прифатат разликите на другите, да работат на себе, и, во склад со сето ова, да ја задржат љубовта во нивната љубовна врска.
„Луѓето кои можат да одржуваат долгорочни пријателства имаат тенденција да бидат пореални во романтичните врски. Тие знаат дека никаква врска не е совршена и дека секое пријателство има свои подеми и падови, и тоа бара давање и земање. Тие имаат тенденција да простуваат повеќе и да прифатат други луѓе “, вели психологот д-р Ирина С. Левин.