Еве зошто овој џемпер од Масимо Дути важи за еден од омилените на Инстаграм и ТикТок – ќе ве освои и вас на прв поглед!
Важи за едно од омилените парчиња за оваа сезона…
Во прашање е џемпер со копчиња кој неодоливо потсетува на еден дизајнерски модел од модниот бренд „Celine“…
Денес со помош на социјалните мрежи и дигиталната технологија многу полесно од кога било досега можеме да пронајдеме што е она што е во тренд во светот кога се модата и нашиот изглед во прашање.
Па така според бројни модни магазини, но и социјалните мрежи, еден џемпер од „Massimo Dutti“ оваа сезона важи за еден од омилените на многу дами.
Многу девојки веќе се пофалија со него на Инстаграм, а истиот можете да го сретнете и на ТикТок.
Во прашање е џемпер кој неодоливо потсетува на еден дизајнерски модел од популарниот моден бренд „Celine“, кој исто така е во светла боја со златни копчиња. Но за разлика од дизајнерското парче за кое треба да издвоите преку две илјади евра, овој од „Massimo Dutti“ е далеку поевтин, иако, и неговата цена е поприлично висока за „хај-стрит“ бренд.
Имено, ова неодоливо џемпере од волна што во овој топол есенски период можете да го носите и како јакна, на официјалната страница на брендот се продава за 8990 денари, а слични модели кои исто така ќе ве освојат на прв поглед можат да се најдат и за далеку поевтина цена.
Некои од нив погледнете во продолжение, па изберете го сами моделот во кој ќе заблескате и вие оваа есен.
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti