Еве зошто овој месец е највесел во домот на Марјан Коцев – фолкерот сподели среќна вест, сите му честитаат
Тие се неговото најголемо богатство
Месец октомври има посебно значење за неговото семејство
Месец октомври има посебно значење во животот на познатиот македонски фолк-пејач Марјан Коцев (48) и неговата сопруга Билјана (42).
Имено, во текот на овој месец тие имаат два многу значајни моменти, роденденот на нивната ќерка Дуња кој веќе го прославија, како и роденденот на нејзиното помало братче Данило кој се роди во 2018 и наскоро треба да наполни 5 години.
„Многу брзо ми растеш ќерко! Среќна 10ка душо моја татина! Да ми живееш во здравје и среќа 100 години“, напиша Марјан на почетокот на месецот кога неговата наследничка наполни 10 години.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Но до крајот на месецот тој има уште еден важен датум, а тоа е роденденот на неговиот син Данило кој полни пет години.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Инаку, Марјан Коцев е еден од омилените фолк пејачи како во Македонија, така и на нашите иселеници во дијаспората.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Тој и Билјана на лудиот камен застанаа во 2010 година, по само една година врска, а се запознале нa една свадба.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
Марјан кога ја запозна својата Билјана имаше 34 години и беше беќар, и како што самиот вели, животот му тргнал во друг правец.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
„Билјана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства“ изјави Марјан во една пригода.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
„Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има сé. Но, и за секој проблем има решение.
Фото: Фејсбук/ Марјан Коцев
„Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор се сé решава“, изјави пејачот во едно свое интервју.