Еве зошто ова беше посебен ден за семејството на Наум Петрески – ќерката Дона објави преубава вест!
Пејалот ужива кога е со најблиските...
Роденденско расположение
Ќерката на Наум Петрески, Македонка Петреска, преку профилот на Инстаграм му го честиташе роденденот на својот татко.
Таа објави семејна фотографија на која е со својот брат и сестра, но и нивната мачка која што ја држеше во рацете.
„Роденденско расположени“, напиша Дона под фотографијата на која Наум блескаше од среќа покрај своите наследници.
Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска
Познатиот пејач наполни 57 години, а роденденот го помина во друштво со своите најблиски и сопругата Зуица Лазова.
Фото: Јутјуб, Инстаграм
Тој е роден во Охрид во 1966 година и важи за еден од нашите најпознати и најдобри фолк-пејачи.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Првиот јавен настап го имал на седумгодишна возраст, а од 1990 година почнал професионално да се занимава со музика.
Фото: Инстаграм/ Владимир Поповски
Во својата долгогодишна кариера има испеано бројни хитови, а некои од нив слушнете во продолжение.