Нова нијанса која што ќе ја гледаме на нашите улици оваа есен
По розовата, жолтата и зелената боја кои го имаа главниот збор на Инстаграм од почетокот на годината, според мислењето на модните експерти следува период во кој истите ќе бидат сериозно „раздрмани“ од оваа специфична нијанса. Во прашање е небесно сината нијанса која во следниот период ќе биде клучна во модните комбинации, а за тоа сведочи и актуелната понуда во продавниците. Таа се прослави благодарение на социјалните мрежи и блогерките, а можете да ја носите од глава до пети или само да изберете едно парче во оваа нијанса и да комбинирате паметно со останатата облека.
https://www.instagram.com/p/BmYrt_hlAx1/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://instagram.com/p/BkXDg_oHEly/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control