Еве зошто оваа боја најубаво и стои на познатата скопска Барбика – ПРОВОКАТИВНО издание што ќе ви го разубави денот!

Нашата позната водителка повторно во центарот на вниманието заради својот прекрасен моден збор.

Марјана Станојковска не престанува да не изненадува со своите модни комбинации што ги објавува на социјалните мрежи. Шармантната водителка секогаш изгледа елегантно, женствено и сензационално, а и овој пат на Инстаграм ни покажа едно мошне интересно и оригинално издание.
Во прашање е „мал“ фустан во преубава тиркизна боја со кој позираше на балконот во центарот на Скопје.
Таа својата тенка половна ја истакна со дебел ремен со металик тока, а „минијатурниот“ фустан во центарот на вниманието ги стави нејзините убави нозе.

Марјана целото издание го заокружи со шик црни чизмички со виски потпетици, впечатлив кармин во страсна црвена боја и нејзината преубава руса коса со благо виткани локни, пуштена нежно да паѓа преку рамениците.

Од ова модно издание можеме да видиме дека тиркизната боја одлично и стои на шармантната водителка, посебно заради нејзината руса коса со која изгледа како Барбика.

Во продолжение погледнете уште неколку интересни модни изданија на најзгодната македонска водителка.


















