Швајцарија е прогласена за најдобро место за живот и работа
Оваа земја од тронот на листата на „HSBC“ го тргна Сингапур кој ја држеше титулата за најдобро место за живеење и работа цели пет години
Високиот животен стандард, конкурентни плати, но и стабилна политичка и економска слика на државата беа главните причини кои помогнаа да се искачи за дури седум места пишува „CNBC“.
Од економската клима во земјата задоволни се речиси 80 отсто од испитаниците, додека 86 отсто од нив изјави дека се задоволни и од политичката ситуација во државата.
Околу 82 % од луѓето што заради работа се преселила во Швајцарија изјавиле дека уживаат во подобриот животен стандард во споредба со својата татковина. Имено, дури седум од десет испитаници кои се преселиле да живеат во Швајцарија сега уживаат во поголема заработка со годишна просечна плата од 11.587 долари – што е значително повеќе од глобалниот просек од 75.966 долари.
Покрај Швајцарија и Сингапур, на самиот врв на оваа листа се земјите како Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам. Од друга страна пак, на самото дно се земјите како Бразил, па Јапонија, Индонезија, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Италија, Обединетото Кралство, Кина и Филипини.