Еве зошто на Меган и е дозволен црвен кармин, но НЕ и на Кејт

Меган Маркл може да си игра со кралските правила

Што мислите, зошто Меган Маркл за разлика од Кејт Мидлтон може да користи црвен кармин?

ADVERTISEMENT

Иако и двете се војвотки, нивните улоги во кралското семејство, па и нивниот статус, значително се разликуваат.

Кога Меган пред неколку месеци во јавноста се појави со суптилен црвен кармин на усните, многумина обожаватели на кралското семејство беа изненадени бидејќи кралските правила налагаат суптилност и минимализам, а тоа се однесува и за кармините во впечатливи нијанси.

Па така покрај модните додатоци, накитот и облеката, ова правило се однесува и за шминката, а тука црвениот кармин и не се вклопува.

Но како што пишува Поп Шугар, поради големите разлики во улогите на Кејт и Меган некои правила не важат и за двете.

Имено, ако принцот Вилијам постане крал, а неговата сопруга кралица, нејзината улога во Велика Британија ќе стане мошне значајна и затоа правилата се многу построги кога е во прашање изгледот.

Од друга страна многу помали се шансите принцот Хари да стане крал, а Маген кралица бидејќи постојат многумина кои имаат право на титулата пред него.

Затоа улогата на Меган во кралското семејство автоматски се намалува за разлика од онаа што ја има Кејт па нејзе и е дозволено да ги крши строгите модни и бјути правила што го налага кралското семејство.

Токму затоа Меган почесто ќе ја гледаме во нешто пократки фустани и со похрабра шминка за разлика од војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, која ќе мора поажурно да ги почитува кралските правила.

Facebook Comments
(Visited 415 times, 1 visits today)