Еве зошто многу Македонци го сакаат овој пејач – ПОПУЛАРНОСТА НЕ ГО ПРОМЕНИ, тој е човек од народот
Македонскиот пејач им покажа на своите следбеници што јаде додека е на одмор.
Како и 90 отсто од Балканците што се на летување, така и пејачот Спасен Силјаноски ужива во скромната храна, и не се срами да го покаже тоа, и тоа додека летува на едно од најубавите места на светот, посебно за нас од овие простори
Спасен заедно со сопругата и двете деца заминаа на одмор.
Со своите фанови сподели неколку фотографии преку кои покажа како си поминуваат.
Природата на неговата професија е таква што многу често е отсутен од дома, но затоа секој слободен момент Спасен се труди да го помине со најсаканите.
Тој и неговата сопруга Ана се горди родители на две дечиња, син и ќерка.
Тие важат за еден ид најскладните парови на македонското естрадно небо, а своите деца се трудат да ги научат на вистинските морални вредности.
Публиката го обожава Спасен токму поради неговата искреност и скромност. Секогаш е тука за својот народ, а популарноста воопшто не го промени, па како што самиот вели во интервју за Гламур магазин, тој е обичен човек, човек со народот.
„Не се сметам за екстра популарен ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда. Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој треба да остане присебен и достоен изведувач, изјави тогаш популарниот фолк пејач (види тука).
Семејството Силјаноски периодов одлучи да се разладува покрај море.
Пејачот ги изненади своите фанови откако им покажа дека како и повеќето Балканци кои ќе заминат на одмор за појадок јаде сендвич.
Тој се пофали на Фејсбук и напиша:
„Нема послатко од тоа утрото во Дубровник да го започнеш со сендвич од шунка и поглед кон јадранот, додека гостите долу во ресторанот нарачуваат октопод и лигњи со сос од Тартуфи.
п.с. Шунката е земена на акција 2 за 10е”.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски