Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Мики Секуловски е еден и единствен – Цеца го обожава, мораше да го направи ова за него (видео)

Мики призна дека во последната емисија не се претставил во најдобро светло, но откри и зошто тоа било така

Реклама

И покрај тоа што беше сериозно болен, Мики Секуловски сепак успеа да освои шест гласови и да се пласира во следниот круг.

Мики Секуловски важи за еден од најдобрите натпреварувачи во актуелната сезона од „Ѕвездите на Гранд“.

Тој и со својот последен настап во шоуто ги воодушеви сите, иако неколку дена се бореше со вирус заради кој имаше и температура.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но како што самиот откри за „Гранд.онлајн“ по настапот, тој решил да пее и покрај тоа што бил сериозно болен.

Маркетинг

„Среќен сум што поминав, а ова беше некаде околу 50 % од мене“, изјави тој и додаде дека на сцената имал висока температура.

Принтскрин/ јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Впрочем и во текот на шоуто неговата менторка откри дека Мики е „мртов болен“ и побара од другите разбирање за неговиот настап.

Како што и самиот пејач откри за „Гранд.онлајн“, пред настапот примал инјекции и инфузии, но заради изнемоштеност и високата температура бил несигурен на сцената и не можел да даде сé од себе.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Жирито е во право, имаше тука ниски тонови, имаше фалш“, призна Мики по настапот во популарното шоу.

Но и покрај тоа што ова беше еден од неговите најслаби настапи досега, многу негови фанови ни не забележаа дека има некаков проблем.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Тоа впрочем го посочи и Ѓорѓе Давид, кога на натпреварувачот што пееше во дуел со Мики, Бобан Лазиќ, му објасни зошто пејачот Секуловски освоил шест гласови, наспрема неговите три, колку што освои тогаш младиот пејач од Белград.

Имено, Ѓорѓе потенцираше дека Мики и кога би бил со една нога, повторно би трчал во круг се до крајот и не би се предавал, па неговиот труд беше забележан и награден од страна на жирито, а истото го повторни и неговата менторка, Цеца Ражнатовиќ.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Тој навистина пее, убива како пее. Се трудеше, бореше, награден е и за минатиот труд, и за ова што се потруди, бидејќи знаат дека е мртов болен“, коментираше Цеца по настапот на Мики.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката кога Мики заврши излезе на сцената и му честиташе, а овие нејзини потези секако дека многу му значат.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button