Еве зошто Лепа Брена важеше за една од најзгодните дами во поранешна Југославија – мажите останаа без здив од ова нејзино издание
Пејачката со децении важи за една oд најзгодните дами
Балканската фолк-дива, Лепа Брена (61), е една од најголемите ѕвезди од поранешна Југославија која се уште плени каде и да се појави со својот изглед.
И покрај тоа што е во седмата деценија, таа може да се пофали со тело на кое можат да и завидуваат и многу помлади колешки.
Изгледа младешки и секога фасцинира каде и да се појави, а на социјалните мрежи и денес нејзините фотографии предизвикуваат внимание и постојано добива голем број комплименти на сметка на својот изглед.
Но овој пат во фокусот ни е една стара фотографија која случајни исплива на социјалните мрежи, а која е настаната во 90-тите.
На познатата Инстаграм страница „Фото носталгија“ на која можат да се видат и многу други стари фотографии од познатите балкански пејачи, се појави и фотографијата на која Брена позира на фотелја облечена во црно, а во преден план се нејзините долги нозе и тенката половина.
„Долги нозе за играње, згодно тело за гледање“, беше еден од најпознатите стихови со кој Брена ја освои музичката сцена.
Како таа изгледаше некогаш, пред триесет и повеќе години, погледнете од галеријата во продолжение.
Диетата на Лепа Брена
И Брена некогаш имала проблем со својот изглед. Иако помина многу време откако водеше борба со вишокот килограми, таа и денес зборува за тоа, посебно затоа што многумина се интересираат како успеа да ја дотера линијата.
Таа своевремено за шест месеци ослабе 17 килограми.
Пејачката е позна по своите витки и долги нозе, а како успеа да се ослободи од вишокот килограми, откри во една прилика. Рече дека навистина е невозоможно да се држи диета шест месеци, но на крајот успеала.
„Наутро обично јадев по едно или две јајца. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев посна супа без маснотии и тестенини. Всушност тоа беше вода во која се вареше зеленчукот, а се вареше долго време, така што не добивав ниту еден витамин од целата приказна. Тука секогаш имаше и некое месо, парче риба или месо, покрај салатата, ја објасни Лепа Брена својата диета од почетокот на кариерата, а познато е дека оттогаш до денес постојано држи витка линија и никогаш не ги врати килограмите кои ги изгубила пред 30 години.
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена
Фото: Инстаграм/ Лепа Брена