Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Калиопи никогаш не зборува за својот 30 годишен син – на МАКЕДОНСКАТА дива не и беше судено да биде со него!

Реклама

Пејачката од многу млада ја започна својата кариера, а како мала има настапувано и на фестивалот Златно славејче.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Познатата поп пејачка Калиопи Букле денес важи за една од најуспешните пејачки во регионот, а талентот за пеење го покажа уште од мали нозе.

Таа и денес ширум Балканот го ужива статусот на поп див, а нејзини најпознати песни се „Месечина“, „Бато“, „Обои ме“. Таа Македонија ја има два пати претставено на Евровизија, а својата кариера ја започна на детскиот фестивал Златно Славејче со песната Мојата учителка.

Маркетинг

Таа потоа беше дел од хорот Развигорче со кого редовно настапува во периодот од 1978 до 1980. Во 1984 година ќе се запише на музичката академија, и во исто време ќе почне да освојува бројни награди.

Фото: Принтскрин

Калиопи својата кариера ја започна заедно со својот поранешен сопруг, Ромео Грил, со кого во 1985 го основаат бендот што го носи нејзиното име. Првиот албум ќе го објават во 1986 година, а следната година го издаваат вториот албум. Токму песната по кој албумот го носи името, „Родени“, станува хит во цела Југославија и истата песна и денес важи за една од најголемите хитови на овие простори.

Маркетинг
Калиопи на Златно славејче, 1976

Калиопи своевремено изјави дека никогаш не сакала да има уште еден хит сличен на нејзиниот песна „Бато“ бидејќи настанала во периодот кога и се случуваат тешки животни околности. Песната пее за мечтаење, болка и копнеж, чувства низ кои тогаш навистина поминувала. Калиопи тогаш имала само 19 години и со бендот била на турнеја низ Советскиот сојуз. Како што самата изјави во една пригода, турнејата траеле три месеци и била многу напорна бидејќи понекогаш имале и по два концерта во еден ден. Една ноќ не можеле да спијат и Ромео ја земал гитарата и тогаш се раѓа песната Родени, односно Бато како што ја викаат сите.

„Се сеќавам кога ги слушнав првите звуци од песната, почувствував неповторлива магија“, се присети Калиопи во една пригода.

На врвот од својата слава Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил со кого го оформуваат бендот, се селат во Швајцарија. Тогаш „Калиопи“ се распаѓа, а пејачката Калиопи не била активна цели десет години.

Фото: Принтскрин

Таа од бракот со Ромео Грил има син по име Пако. Тие ќе се разделат во 1996 година, а Пако ќе остане да живее со неговиот татко во Швајцарија. Тие се во одлични односи, а Калиопи во една пригода изјави дека тој самиот не сакал да зборуваат за него. Наводно тој постојано им кажувал на своите родители да не го спомнуваат, да го заборават во нивните изјави, така што Калиопи сака да ги почитува неговите желби.

Фото: Принтскрин

Пако денес има 30 години и живее во Швајцарија.

Пејачката по втор пат ќе се омажи за актерот Васил Зафирчев а нивниот брак важеше за еден од најромантичните меѓу познатите лица во Македонија. Васил е помлад 13 години од Калиопи, а нивната љубов се роди на прв поглед. Одлуката да се разделат беше заедничка, а како што пејачката не ретко истакнува, нејзините поранешни брачни другари денес и се најдобри пријатели.

Фото: Принтскрин (Екран, 1986)

Безвременски шарм

И покрај тоа што речиси четири децении е на музичката сцена, за неа времето како да стои и речиси воопшто не се променила Можеби изгледа поразлично од самиот почеток на кариерата, кога немала ни дваесет години, но дефинитивно од 90-тите, кога ќе се врати во Македонија и ќе ја започне својата соло кариера, Калиопи изгледа непроменето.

Фото: Инстаграм/ Калиопи

Таа е една од ретките пејачки која нема направено ниту една плacтична oпepaција, а како што самата умее да каже, не сака да ги брише трагите од нејзиното лице бидејќи смета дека секоја брчка има своја посебна приказна, настаната во некоја важна животна ситуација.

Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи
Фото: Инстаграм/ Калиопи

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button