Предимензионираните сакоа и јакни, панталони со широки ногавици и огромни маици позајмени од машките плакари се во мода веќе неколку сезони, а фустаните што ја следат линијата веќе неколку сезони НЕ се ИН.
Тоа дека удобноста може да бие шик докажаа и моделите што веќе ги спомнавме, но и ваквиот модел на фустани кој стана вистински моден хит и кој ќе го гледаме и на нашите улици ова лето. Во прашање се таканаречените „грди“ фустани кои со својот крој потсетуваат на ноќниците на нашите баби, но ги красат широки и надуени ракави, висока јака и крој кој им стои на сите бидејќи не ја следи линијата на телото туку од градите почнува да се шири во А-крој. Но токму во тоа се крие и нивната тајна – тие им стојат убаво на сите.
Покрај удобноста со ваквиот модел на фустани можете многу лесно да го сокриете сето она што сакате да остане „зад кулисите“ и повторно да изгледате шик. Можете да ги носите со интересни сандали и тренди очила за сонце со што ќе добиете совршено издание за топлите денови, но и со сандали и модни додатоци за вечерна варијанта.
А најдоброто од сé кај овие фустани е тоа што нивниот потенцијал го немаат препознато само скапите дизајнерски брендови – многу добри модели ќе најдете и во „хај-стрит“ продавниците со далеку „понормални“ цени.
Еве и некоку примери …
Zara 1,290.00 MKD
Zara 3,290.00 MKD
Zara 2,590.00 MKD