Реклама
Новости

Еве зошто зборовите на оваа Македонка под објавата на Карлеуша треба да ги прочита секој Балканец

Познатата пејачка повторно ги „вознемири“ хејтерите

Реклама

Познатата поп-пејачка Јелена Карлеуша ги изненади сите со своето последно несекојдневно издание со кое се појави на роденденот на еден познат магазин што се одржа во Белград.

Таа на црвениот килим буквално го украде шоуто кога се појави во хеланките кои изгледаа како мрежести чорапи, во комбинација со „кроп-топ“ направен од истиот материјал.

Но покрај необичните хеланки Карлеуша ги шокираше сите и со кожната чанта која е хит во целиот свет.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Имено, и хеланките и чантата се од гламурозниот шпански бренд Баленсијага и за нив пејачката издвоила неверојатна сума на пари.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Баленсијага
Баленсијага

Оваа чанта од најновата колекција на познатиот бренд чини 5000 долари, а речиси толку чинат и хеланките, односно „само“ 4500 долари. Ако на оваа сума додадеме уште 995 долари колку што чинат големите црни очила за сонце од „Rick Owens“, ќе дојдеме до сума поголема од неверојатни 10.000 долари колку што балканската поп-дива потрошила за ова свое екстравагантно издание.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Пејачката потоа се фотографираше и во својот дом, односно покрај базенот во дворот, покриена само со необичната чанта.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Таа на нозете носеше и високи чизми од истиот бренд, а се фотографираше како го покажува средниот прст.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Ова издание беше наменето за хејтерите кои што ја критикуваат, со што повторно им го привлече вниманието.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Но во морето негативни коментари посебно се истакнува една Македонка која застана во одбрана на познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Еве што напиша таа:

„Ах, Балкане каков си тажен и грд. Каква беда од коментари. Секој збор ве опишува самите себе баш такви какви што сте. Очај, љубомора или фрустрација од личен неуспех? Ако нешто не ти се свиѓа, игнорирај го и продолжи понатаму. Секој што се дрзнал да ке*а – погледнете се во огледало, анализирајте го својот живот – кој сте и што сте на овој свет. Дали сте направиле нешто планетата да биде подобро место за живеење или само ширите злоба како вистински штетници и паразити. Бог нека ни е напомош“, напиша оваа корисничка на социјалните мрежи револтирана од грдите коментар на дежурните хејтери.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Па, дали се согласувате со нејзиниот коментар?

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша во црвено од глава до пети

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button