Реклама
Коса

Еве зошто треба (редовно) да ја миеме косата со јаболков оцет

Реклама

Спектарот на лековитите својства на јаболков оцет е навистина широк – има позитивно влијание на шеќерот и нивото на холестерол во крвта, го поттикнува губењето на тежината, и е одличен за детоксикација.

Но тука не завршуваат придобивките од јаболковиот оцет – можете да го користите и за вашата коса и скалп да им обезбедите нега.

Маркетинг

Еве зошто треба да ја миете косата со јаболков оцет

Јаболковиот оцет го регулира балансот на pH на косата и кожата на главата. Многу комерцијални производи за нега на коса може да имаат негативен ефект врз косата и кожата на главата и да ги направат суви. Со миење на косата со јаболков оцет, ќе го вратите идеалниот баланс на pH.

Јаболковиот оцет ја штити кутикулата

Резултатот на миење на коса со јаболков оцет може да биде мазна, мека и сјајна коса. Оцетот ги штити влакната и го спречува сушењето и настанувањето на расцветани краеви.

Маркетинг

Неутрализира првут, иритација на кожата и чешање

Јаболковиот оцет има антибактериски и антифунгални својства кои делуваат корисно за кожата на главата.

Дејствува како регенератор

Оцет од јаболко може да го поттикне растот на косата и да дејствува како регенератор.

Го стимулира растот на косата

Јаболковиот оцет може да го стимулира растот на косата со неутрализирање на бактериите кои го спречуваат растот на косата. Исто така, ја стимулира циркулацијата на крвта во фоликулите на косата и го зајакнува коренот.

Како да ја измиете косата со јаболков оцет

Најважно е да изберете квалитетен оцет, по можност органски кој не е пастеризиран. Супстанции кои паѓаат на дното на шишето содржат корисни ензими, бактерии, пектин и минерали поради кои јаболковиот оцет е одличен за вашето здравје. Затоа, секогаш пред употреба задолжително промешајте го шишето со оцет.

Раствор за миење

Состојки:

– филџан со вода
– 2 лажички јаболков оцет

Измешајте го оцетот и водата и истурете во шише со спреј. Ако правите поголема количина, задржи иста размер со вода и оцет По вообичаеното шампонирање и плакнење на косата со вода, попрскајте ја косата со растворот и измасирајте го скалпот. Внимавајте растворот да не ви влезе во очите. Оставете неколку минути и потоа добро исплакнете ја косата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button