Еве зошто Гордана носеше црно кај папата во Ватикан – претседателката мораше, но НЕ и овие жени
Претседателката реши да го испочитува протоколот, но постојат и жени кои не мораат да го прават тоа..
И Меланија Трамп, кога беше прва дама на САД, за службената средба со папата носеше црн фустан, а главата и беше покриена со вел. Тогаш во слично издание се појави и Иванка Трамп, почитувајќи го протоколот за средба со поглаварот на Католичката црква кој налага жените да мораат да носат црна облека и косата да им биде покриена со вел.
Првата жена претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, за службената посета на Светиот Престол носеше црн фустан, а на главата црн вел. Таа се држеше до протоколот според кој црната боја за жени е задолжителна кога одат кај Папата, но и со тоа што носеше вел кој исто така е задолжителен за жени кои што немаат долга коса.
Според протоколот на средба со поглаварот на Католичката црква се налага дека жените мораат да носат црна облека и нивната коса да биде покриена со вел. Од ова правило можат да отстапат само неколку жени на светот, а ваквата бенефиција се вика „ le privilege du blanc “ на француски јазик или на „privilegio del biancno “ италијански, а ја користат католичките кралици и принцези. Тие на средбата со папата, на мисите и беатификации носат бело.
Фото: Фејсбук/ Гордана Силјановска-Давкова
Но ова правило не им е одобрено на сите католички монарси или жени на некатолички монарси, па така на пример кралицата Максима од Холандија, која е католичка сопруга на протестантскиот крал Вилијам Александар, а до 2013 ова право не и беше одобрено ни на принцезата од Монако како и на многу други дами со „сина крв“.
Фото: Фејсбук/ Гордана Силјановска-Давкова
Правилото околу црниот фустан и глава покриена со вел го испочитува и нашата претседателка која се сретна со папата Франциск, облечена во црно од глава до пети.
Претседателката Силјановска за оваа пригода носеше црн комплет со речиси незабележливи сиви риги и широки ракави, а целото издание го зачини со ѓердан со бисери и шик високи потпетици.
Инаку, црната боја е задолжителна и за мажите, па така на пример, кога пред неколку години и поранешниот премиер Зоран Заев беше на посета кај папата носеше црно, а и првата дама Елизабета Георгиевска, сопруга на тогашниот претседател носеше вел на главата.
Но за разлика од нив, некои не го испочитуваа целосно ова правило, па така на пример сопругата на Зоран Заев, Зорица, не носеше вел, иако беше целосно облечена во црно, а папата Франциск, кој важи за еден од најлибералните во историјат, очигледно не им замери за тоа.
Како изгледаше нашата прва жена претседателка на приемот кај папата и зошто сите беа воодушевени, погледнете во продолжение…