Еве во кој период од денот најчесто се случуваат киднапирања на деца што одат на училиште
Стручните лица предупредуваат родителите да ги едуцираат децата за лична сигурност, но и дека опасностите од потенцијални киднапирања има и во населбите кои важат за мирни и безбедни места...
Родителите треба да ги едуцираат своите деца за лична сигурност, посебно додека патуваат до училиштето и назад, предупредуваат стручните лица, пишува порталот „021.рс“.
Според стручните лица токму периодот од денот кога децата одат на училиште најчесто се случуваат обиди за киднапирање.
Според податоците на Националниот центар за исчезнати и искористување на децата (NCMEC), децата на школска возраст се во најголем ризик од обид за киднапирање токму кога одат на училиште, а не преку викендот, кога го имаат време за своите слободни активности.
Според Центарот, обидите за киднапирање на деца од школска возраст најчесто се случуваат пред училиште (од 7 до 9 часот), непосредно по училиште (0д 15 до 16 часот) и во предвечерните часови (од 18 до 19 часот).
„Тоа често се случува додека детето оди кон станицата за школскиот автобус, го чека автобусот или пешачи кон својот дом по училиштето. Секогаш им укажуваме на родителите да не го оставаат детето само додека чека на автобуската станица. Барем нека обезбедат да биде со друго дете“, изјави за „Фокс њуз“ Калахан Волш од NCMEC.
Сите обиди за киднапирање треба да бидат пријавени во полиција, без разлика дали биле успешни или детето сигурно се вратило дома, вели Волш. Тој напоменува дека тоа е така бидејќи истото лице би можело повторно да се обиде да киднапира дете или би добило храброст тоа да го повтори доколку родителите на детето не го пријавиле случајот.
Број на кој треба да се пријават информации поврзани со исчезнати лица во Македонија
Децата мораат да бидат предупредени со четири важни правила – прво, да се обратите до родителите или старателот пред да отидете било каде или да прифатите бил што од некое друго возрасно лице, потоа да земат пријател со себе, да им кажете на луѓето ако заради некое лице се чувствувате тажно, исплашено, збунето, неугодно или ако некој се обидува да ве одведе – и секогаш треба да му кажете на возрасно лице во кое имате доверба доколку некој се обидува непристојно да ве допира.
Киднапирањата често се случуваат кога родителите не се во близина, вели Волш и предупредува дека и родителите кои се чувствуваат дека живеат во мирно соседство сепак треба да ги едуцираат своите деца за опасностите од потенцијални киднапирања и како да се однесуваат за да не дојде до тоа.
„Моите родители живееја во сигурно соседство, а мојот брат Адам беше киднапиран“, изјави Волш „Тие мислеа дека тоа нема никогаш да им се случи“, додава тој.
Неговите родители, Џон и Реви Волш, го основале Центарот NCMEC во 1985 година откако нивниот најстар син, братот на Волш, Адам, бил киднапиран и убиен.
Тие беа богато семејство од средна класа и никогаш и не помислија дека такво нешто може да им се случи, истакна Волш
„Не треба ни за момент да размислувате дека само затоа што живеете во затворена заедница дека сте сигурни од нешто такво, бидејќи тоа може да му се случи секому“, додаде Калахан Волш од NCMEC.