Новите колекции се преполни со хеланки
Пролетните колекции беа преполни со хеланки, а од ревиите на познатите брендови можевме да видиме дека овој тренд останува на самиот врв и оваа есен и дека се уште владее и со „street style“ комбинациите. Што се однесува до претходната сезона, најголем тренд беа кратките модели, односно таканаречените хеланки „бициклистички“. Тие потсетуваат на спортските модели за возење велосипед, но изгледаат далеку поурбано и секако дека можете да ги носите ви најразлични изданија, а не се носат само во спортски пригоди.
Овој тренд кој меѓу првите го „фураше“ познатата старлета Ким Кардашијан (што се однесува до „обичните“ хеланки, во ширењето на овој тренд многу поголемо влијание имаше нејзината помлада сестра, манекенката Кендал Џенер, како и нејзините пријателки и колешки Бела и Џиџи Хадид).
Интересен е коментарот што за хеланките го има дадено уредничката на американското издание на модниот магазин „Вог“, Ана Винтур. Имено, во рубриката „Go ask Anna“ Американците редовно и поставуваат прашања, а меѓу нив овој пат се најде и што мисли за хеланките.
„Ова не е прв пат светот на модата да ги слави хеланките“, одговори со насмевка што покажува дека и не е премногу воодушевена од овој тренд, но очигледно дипломатски го толерира бидејќи се наоѓа во колекциите на нејзините пријатели дизајнери. Потоа зборуваше и за првиот бран на нивната популарност, а потоа откри и која боја на хеланки ја одобрува:„ Мислам дека тоа прв пат го доживеавме во 80-тите, благодарение на Азединеја Алаја и експлозија на фитнесот. Моето мислење е дека најдобро изгледаат во црна боја!“
Бебе Реџа во црни хеланки
Но откако нејзиниот асистент ја потсети дека во 1993 година носела розови хеланки, Ана најпрво во чудење праша:
„Јас сум ги носела?“. А кога доби потврден одговор, имаше само еден коментар – „Тоа беше голема грешка!“