Еве во каков однос е Зуица со својата свекрва – овие фотографии откриваат многу за познатата пејачка
Еве како пејачката ги воодушеви сите
Зуица неодамна ги изненади сите со емотивна честитка за мајката на нејзиниот сопруг.
Наум Петрески и Зуица Лазова се едни од најдобрите вокали на македонската музичка сцена, а важат и за еден од најскладните парови.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Таа и Наум се секогаш под лупа на јавноста, која е љубопитна во секое време да дознае нешто повеќе за нив двајца.
Долги години опстојуваат на сцената, а тоа се должи на безвременските хитови што ги имаат.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Плод на нивната љубов се синот Стефан и ќерката Македонка. Од првиот брак, Наум ги има ќерките Сања и Анастасија.
Покрај својата музичка криера, Зуица работи и како професорка по хармоника во музичкото училиште во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Таа секогаш била препознатлива по својот елегантен стил и отменост, а како сопруга никогаш не криела дека семејството и е центарот на светот. Впрочем таков е и нејзиниот сопруг, па и покрај своите обврски и двајцата се трудат секој слободен момент да го поминат со своите наследници.
Тие во изминатиов период имаа неколку убави причини за славење во нивниот дом – најпрво приновата во семејството, па свадбата на ќерката на Наум од претходниот брак, а пред неколку недели и роденденот на неговата мајка. Имено, таа неодамна наполни 80 години и тоа беше убава причина да се собере цело семејство на едно место и да го прослави овој посебен ден за нив.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Потсетуваме, мајката на Наум Петрески неодамна го прослави својот 80-ти роденден, а по тој повод најблиските ѝ организираа мала роденденска забава во еден познат ресторан во нашата метропола.
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
Зуица тогаш објави фотографии од забавата на социјалните мрежи, а во описот на истите напиша:
ФОТО: Фејсбук / Зуица Лазова
„Да ти се множат мајче. Дај боже да доживееме и да бидеме како тебе“ напиша Зуица и покажа колку ја почитува својата свекрва.