Реклама
Вести

„ДУШО ТАТИНА, УБАВИЦЕ МОЈА, ПОЛОВИНА МОЈА ДУША ОТИДЕ СО ТЕБЕ…“ Ова е девојката која почина по вадење заб! Потресни пораки од РОДИТЕЛИТЕ…

Реклама

Тинејџерка (16) го загуби животот во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) откако претрпе тешки компликации при стоматолошка процедура во приватна ординација во Сараево.

Таа во придружба на родителите побарала стоматолошка помош поради интензивна забоболка, пренесува Српскаинфо. По вадењето на забот во приватна ординација, ситуацијата наеднаш се влошила.

Гнојот од забот се проширил по вратот, предизвикувајќи сериозна инфекција која резултирала со развој на сепса.

Маркетинг

Девојчето во критична состојба е итно префрлено во КЦУС, каде лекарите вложиле максимални напори да ја спасат, но, за жал, компликациите биле фатални.

Обдукцијата ќе ја покаже точната причина за смртта, а за целиот случај е информирано и Обвинителството на кантонот Сараево, кое покрена истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој трагичен исход.

Маркетинг

– Обвинителството е известено, постапуваме по случајот, преземаме дејствија за проверка на сите околности на смртта – изјави за порталот „Аваза“ Азра Бавчиќ, портпаролка на Обвинителството на КС.

Родителите неутешни

Родителите на починатaта тинејџерка со болни зборови се простија од својата миленичка.

– Мојата пупка се врати кај Господ. Господи мој, те молам дај му го на моето дете најубавото место во Рајот. Засекогаш во срцето на мајка си и молитвите на мајка си – напиша мајката.

– Душо татина, убавице моја, половина од мојата душа отиде со тебе, како и на мајка ти. Секогаш ќе бидеш во нашите срца, те сакаме засекогаш – напиша таткото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button