Душко Тошиќ со една фотографија ги прекина сите шпекулации за развод: Сите се пресреќни- Карлеуша и поранешниот фудбалер повторно се заедно?
Душко Тошиќ, прославениот спортист не сака јавно да го експонира приватниот живот па се труди што повеќе да се сокрие од медиумите и будните очи на јавноста.
Сепак поранешниот фудбалер, денешен менаџер и се уште легален сопруг на поп дивата Јелена Карлеуша понекогаш знае да сподели фотографии на социјалните мрежи и да ги почести фановите.
Душко веќе подолго време е главна тема на медиумите, секој негов потег се следи внимателно, па не е ни чудно што секоја објава на Душко Тошиќ е проследена со низа коментари.
Овој пат гордиот татко не одолеа да го сподели моментот со помалата ќерка Ника.
Иако на големо се шпекулираше дека се разведуваат сепак вчера пејачката ја заинтригира јавноста со објава на „Инстаграм“ објавувајќи видео од нејзиниот се уште легален сопруг па денешната објава на Душко Тошиќ уште повеќе ги подгреа приказните дека семејството е повторно заедно, што многумина го посакуваат од се срце.
Таткото и неговата миленичка позираа во автомобил насмеани и многу расположени, па може да се каже дека поминаа прекрасно попладне, а неговите следбеници коментираа дека се прекрасни и сите се согласуваат дека тој е многу посветен татко.
Иако на фотографијата недостигаа постарата ќерка и познатата сопруга и мајка за семејството да биде комплетирано, впечатокот што не можеме да го добиеме е дека можно е да дојде до помирување на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, што девојките несомнено неизмерно би го посакале.